Вардар се соочува со големи проблеми пред дуелот со Нексе за пласман на завршниот турнир во СЕХА лига.
По повредите на Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер, во таборот на европскиот првак се појави првиот позитивен случај на Ковид-19. Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов. Тој по вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност, откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тест, истиот покажал дека е позитивен.
Целиот тим на Вардар веднаш направи тестови, до вечер ќе биде позната состојбата со останатите играчи.
Од клубот веднаш ги известиле останатите екипи со кои спарингуваа.
Вардар во сабота го пречекува Нексе, пред оваа средба одново ќе се тестира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.