Екипата на Вардар соопшти дека вечерва во болница во Брест се направени првични прегледи на левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер и дека најверојатно се работи за дислокација, а не скрешница во раката.

По дуел со противнички играч на Загреб во првото полувреме, бекот падна со целата тежина врз раката, а лекарските екипи на Вардар веднаш го изнесоа надвор од теренот.

Кристијан Дисингер се чувствува добро. Извршени се лекарски прегледи во болницата во Брест. Првичните информации се дека нема скршеница туку само дислокација. По враќањето во Скопје следуваат дополнителни испитувања, соопштија од тимот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.