Вардар остана на второто место во група А во Лигата на шампионите, откако триумфираше на гостувањето кај Рајн Некар од 30-27. Победата на „црвено-црните” не остана незабележана од ЕХФ ТВ и по завршувањето на натпреварите од 11 коло при изборот на најдобрите имаше место и за ракометар на Вардар.
Тимур Дибиров постигна седум гола од девет обиди и се најде во изборот на иделаниот тим на колото. Рускиот интернационалец го предводеше тимот кон седмата победа сезонава со што Вардар останува во трка за второто место, иако теоретски има шанса да биде дури и првопласиран.
Во изборот на најдобрите седум за 11 коло во ЛШ се најдоа: Тимур Дибиров (Вардар), Михал Јурецки (Келце), Барис Пуховски (Мотор), Иван Сршен (Загреб), Лук Абало (ПСЖ), Јан Колбахер (Рајн Некар Левен), Венсан Жерар (Монпелје).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.