Еден од најзаслужните за овој голем успех е Тимур Дибиров, искусниот руски репрезентативец кој ја презеде одговорноста во клучните моменти и од двата натпревари. Сепак, самиот Дибиров само го потврди она што е добро познато – дека колективот е најголемиот квалитет на овој тим на Вардар.

Ние сме екипа, ние имаме 18 капитени. Се најдовме во незавидна ситуација по првото полувреме со Барселона, но направивме голем пресврт. Се погледнавме и си рековме, ако треба ќе изгинеме, но нема да дозволиме да загубиме. И видовте што се случи“ – изјави Тимур Дибиров



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.