Ракометарите на Вардар по вчерашниот тежок натпревар во Лигата на шампионите против Порто, веќе утре се среќаваат со Нексе, овојпат во СЕХА лигата. Капитенот на Вардар, Тимур Дибиров побара од своите соиграчи најсерозно да му пристапат на утрешниот дуел со Нексе.
Нексе е незгодна екипа и не треба да не залажуваат нивните два пораза на стартот, бидејќи им недостасуваа многу важни играчи. Сигурно ќе ја подобрат играта. Со нив секогаш сме играле тесни натпревари. Пропагираат свој ракомет. Нексе доаѓаат во Скопје многу мотивирани и сигурно нема да ни биде лесно, иако ние сме фаворити, рече Дибиров на денешната прес-конференција.
Тренерот Давид Писонеро кажа дека шанса да настапат ќе добијат повеќе играчи.
За нас победата е секогаш најважна и тоа ќе биде приоритет и на средбата со Нексе. По вчерашниот исцрпувачки меч од Лигата на шампионите со Порто, планирам против Нексе шанса да добијат повеќе играчи, пред се помладите. Тие на вакви натпревари треба да добиваат поголема минутажа. Сакам да ги испробам и сите пивоти. Секако, овие варијанти ќе зависат и од резултатот и од тоа како се одвива натпреварот. Како и да е, поентата е да играат што повеќе играчи со оглед на тоа што сезоната е долга и со густ распоред, нагласи Писонеро.
Натпреварот Вардар – Нексе од 3. коло во СЕХА лигата е закажан за утревечер со почеток во 20:45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.