Време е некој да излезе и да му помогне на клубор, рече вечерва двојниот европски првак Тимур Дибиров.
Вардарци имаа исклучително тешка сезона, немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните“ се искачија на европскиот
ракометен трон.
Според него оваа титула е поголема од првата, која ја освоија во 2017 година, по се што поминал тимот.
Одигравме одличен натпревар и заслужено дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Оваа титула е поголема од првата, зашто знаеме низ што сѐ минавме, вели Дибиров.
Вардаровиот ракометар вторпат го подига пехарот во Лигата на шампионите со Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.