Женскиот ракометен првак на Македонија, Металург доживеа дебакл на гостувањето во Полска каде што во првиот меч од 1. коло од Купот на ЕХФ загуби од Заглебје Љубин со неверојатни 14-44. Ракометарките на Металург во првите 30. минути постигнаа осум, а во вториот дел само шест гола.

Клубовите се договориле двете средби да се играат во Полска со што пракично и беше одговорено прашањето кој ќе мине понатаму.

Утре се игра и вториот натпревар, по кој ќе биде официјално промовиран патникот за второто коло во ЕХФ Куп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.