Давид Дејвис беше блиску да ја освои првата европска титула како тренер уште во дебитантската сезона со Веспрем, но пред него се испречија Вардар и неговиот поранешен соработник Роберто Гарсија Парондо.

По поразот во финалето во Келн, тренерот на Веспрем призна дека Вардар ја заслужил победата.

– Не игравме како тим во првото полувреме, одбраната не функционираше, правевме грешки во нападот. Во тоа прво полувреме, Вардар играше одлично, постигнуваше лесни голови. Додека во вториот дел ние игравме подобро, Штербик беше храбар, но Вардар повеќе ја посакуваше победата. Тажни сме, но моите ракометари направија се што можеа – изјавил Дејвис во Келн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.