Репрезентацијата на Данска за првпат во историјата ја освои титулата светски шампион. Данците, кои беа ко-домаќинот на ракометниот мундијал заедно со Германија, во финалето одиграно во Хернинг ја совлада репрезентацијата Норвешка со убедливи 31:22.

На тој начин, по три загубени финалиња, Данска конечно успеа да се искачи на ракометниот трон.

Норвешка, пак, остана без златото и во второто нејзино финале на Светските првенства.

Данските ракометари најавија дека нема да дозволат да им избега златото, најавија уште во првото полувреме, коешто го добија со резултат 18:11, по што во вториот дел само ја одржуваа таа голема предност.

Хансен со седум голови беше најефикасен во победничкиот тим, додека ниту 10 погодоци на Јонедал не беа доволни Норвежаните да го избегнат поразот.

Во предигра на финалето, Франција го победи вториот ко-домаќин на првенството Германија со 26:25 и го освои бронзениот медал.

Македонија шампионатот го заврши на 15.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.