Репрезентацијата на Данска ја совлада Шведска со 26:24 (13:13) со што го освоија златниот медал на Светското првенство во Египет. Со овој триумф, Данска успеа да го одбрани светскиот трон освоен на Мундијалот во Германија во 2019 година.
Ова за Данците е втора светска титула во пет одиграни финалиња. иостовремено, Данска стана четвртата репрезентација што успеала да ја одбрани титулата, по Романија, Шведска и Франција.
До победата во големото финале, ракометарите на Данска дојдоа по прилично изедначена борба, а клучната предност ја стекнаа кон средината на воторот полувреме кога дојдоа до три голови предност што ја задржаа до крајот.
Најзаслужни за данскиот триумф беа голманот Никлас Ландин со 15 одбрани и најефикасниот Микел Хансен, кој постигна шест голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.