По голема борба во вториот дел, Вардар успеа да се избори за победа и пласман во финалето од годинешното СЕХА Гаспром првенство.
По првиот дел вечерва Вардар водеше против Мешков Брест со 14-10 и навидум работите одеа во добар правец, но Мешков успеа да се врати во вториот дел, дури и да води на неколку наврати.
Тоа како да ги разбуди подзаспаните ракометари на Вардар, за да се вклучат повторно во натпреварот и да одиграат квалитетни последни 10 минути, по што ќе остварат победа со 25:23.
Ова ќе биде седмо финале во историјата на Вардар, во битка против Загреб ќе настапат за 5-та титула во СЕХА Гаспром лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.