Ракометарките на Црна Гора го освоија петто место на ракометното Светско првенство (СП) кое се одржува во Јапонија, откако во балканското дерби ја совладаа репрезентацијата на Србија со 28-26.
Раичевиќ и Рамусовиќ со по четири гола беа најдобри во победничкиот табор, додека кај Србија Стоиљковиќ мечот за заврши со шест гола.
И двете репрезентации обезбедија пласман на квалификацискиот турнир за учество на ЛОИ во Токио 2020, а таму ќе им се придружи и Шведска која во одлучувачкиот натпревар за седмото место ја декласираше Германија со 35-24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.