„Ланксес“ арената во Келн, Германија останува земјата на чудата во која царува Вардар! Со чудесен, незамислив пресврт, Вардар ја победи Барселона со 29-27 (9-16) и се пласираше во големото финале на Лигата на шампионите во кое ќе се сретне со унгарски Веспрем, пишува познатиот српски новинар Жика Богдановиќ за неговиот портал „Балкан хендбал“.

Богдановиќ важи за голем познавач на ракометот. Не пропушта ниту едно скопско дерби меѓу Вардар и Металург, па оттука со голем мерак секогаш ги пушува ракометните извештаи.

Вардар ги испишува златните страници на својата историја. Степенот на адреналин неверојатно расте, посебно кога се игра во ракометната Мека и Медина, во арената „Ланксес“. Срце, волја, карактер, магинчниот Милосављев и разгоропадениот Криштопанс го режираа пресвртот за финеле. Фаворизираната Барселона водеше со седум гола разлика на 20 минути пред крај, а потоа…се е историја!, напиша Богдаоновиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.