Ракометниот клуб Еурофарм Работник соопшти дека го раскинале договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ. Крајот на соработката е по негово барање.
Клубот му се заблагодарува на Чирковиќ за професионалноста, односот и стручната работа и му посакува успеси во приватниот и професионалниот живот, се вели во соопштението на битолскиот тим.
Оттаму додаваат дека наскоро ќе ја информираат јавноста за следните чекори и именувањето на новиот тренер.
Србинот ја презеде екипата на Еурофарм ова лето и за првпат во историјата ја одведе до есенската титула во Суперлигата и до групната фаза на ЕХФ Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.