Пред ракометниот Фајнл фор турнир што се игра денеска и утре во Келн Европската ракометна федерација го објави најдобриот тим од досегашниот тек на Лигата на шампионите. Ова последно рангирање на најдобрата седморка е направено со гласовите добиени од навивачите, претставници на медиумите и од ракометни експерти, а во него има место за дури четворица ракометари на Вардар.
Дејан Милосављев е најдобар голман, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ се на крилните позиции, а Даинис Криштопанс најдобар десен бек. Во овој идеален тим има место и за левиот бек Микел Хансен од ПСЖ, централниот Кентин Махе од Веспрем и пивотот Хулен Агинагалде од Кјелце, а успехот на Вардар го зголемува тоа што Роберто Парондо е прогласен за најдобар тренер во Лигата на шампионите.
Ќе видиме дали идеалниот тим ќе има сличен изглед и по завршувањето на Фајнл фор турнирот, но ваквиот избор најавува дека голем број ракометни фанови имаат верба дека Вардар има потенцијал да игра важна улога во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.