Се плашам дека поради нивните одлуки ќе ни избегаат и Олимписките игри во Токио, вели тренерот на хрватската репрезентација Лино Червар, кој за изгубеното злато на Европското првенство ги обвинува македонските судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои во самиот финиш од дуелот досудија чекори на Игор Карачиќ, по што Хрватска ги загуби шансите на натпреварот.
Неколку дена по финалето ми се јавија едни поранешни судии, едни од најпознатите судиски двојки во историјата на ракометот. За нив нема никакви дилеми, ми рекоа, „Лино, па вие во финалето бевте оштетени и долучивме да ти се јавиме. Вие бевте оштетени во десет ситуации против Шпанија. Одземено ви е златото“, рече Червар за „24 Сата.хр“.
Поранешниот тренер на Металург и македонски селектор засега не е сигурен дали ќе се повлече од селекторската клупа или ќе продолжи, но повторно мораше да ги вмеша Македонците, кои наводно му го украле златниот медал на ЕП.
Не гледам толку далеку (СП 2021), но сакам да останам во ракометот. Во него сум веќе 45 години. Во три држави ги имам добиено најголемите почести, Хрватска, Италија и Македонија. Македонците ми дадоа државјанство, но ете сега ме оштетија во финалето. Ракометот е мој живот, сакам да остана, но сакам да работам по своја визија. Што се однесува до тренирањето, никогаш не вели никогаш. Па големиот кошаркарски тренер Грег Попович потиша нов договор на 70 години, завршува Червар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.