Македонската ракометна експедиција отпатува за Рејкјавик, каде утре, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, во Групата 3, ќе му гостуваат на Исланд.

Ракометарите преку Загреб и Париз ќе пристигнат во Рејкјавик, каде ќе ги чека крилниот играч на Веспрем Дејан Манасков.

Селекторот Данило Брестовац за мечот со Исланд покрај Манасков ќе ги има следните играчи: Борко Ристовски, Никола Митревски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Томислав Јагуриновски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Кирил Лазаров, Филип Талески, Марио Танкоски и Филип Кузмановски, Никола Маркоски, Милорад Кукоски и Велко Маркоски.

Во овој состав, играчите на Металург – Јагуриновски и Маџовски дебитираат за државниот тим.

Со одлука на селекторот во Скопје останаа третиот голман Мартин Томовски, односно Димитар Димитриоски, Мартин Манасков и Мартин Серафимов.

Натпреварот со Исланд се игра в среда со почеток во 21:45 часот. Во Групата 3, Исланд води по две кола со четири бода, Македонија и Грција имаат по два, а Турција е без бодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.