Македонската ракометна репрезентација синоќа во „Борис Трајковски“ ремизираше против селекцијата на Исланд, 24-24.
После победата на гостувањето во Рејкјавик, синоќа македонските ракометари одиграа нерешено против Исланѓаните, но селекторот Данило Брестовац верува дека ние речиси сме пласирани на следното Европско првенство.
Екипата одигра два квалитетни дуели за пет дена. Јас на ова не гледам како да е реми, туку како освоени три бода на два дуели против квалитетен противник. Мислам дека со овие пет бода речиси сме пласирани на Европското првенство. Со две победи на дуелите против Турција и Грција на кои сме фаворити, ние ќе бидеме први во групата, изјави Брестовац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.