Голманот на Вардар Борко Ристовски не е во националниот тим на Светското првенство 2021 во Египет согласно определбата на селекторот Брестовац за подмладување на репрезентацијата. Но, испрати поддршка за поранешните свои репрезентативни соиграчи пред денешниот прв натпревар со Шведска.

„Среќно момци, Македонија вечна“, напиша Борко поставувајќи и фотографија од националниот тим на својот Инстаграм профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.