Огромна трагедија го потресе утрово Охрид и ракометна Македонија. Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 26-годишниот Никола Даниловски.

Безживотното тело на младиот спортист е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство.

Меѓу оние кои испратија последен поздрав за талентираниот голман е и легендарниот министер за одбрана во македонската ракометна репрезентација и голман на Вардар, Борко Ристовски.

„Жално… Уште еден општествен пораз! Добро дете… уште подобар голман. Најди го мирот некаде кога тука не можеше“– напиша Борко Ристовски на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.