Долгогодишниот прв голман на македонската репрезентација, Борко Ристовски, би требало да биде едно од засилувањата што ќе пристигнат во Вардар до крајот на оваа натпреварувачка сезона. „Вардарци“ веќе најавија нови имиња што би им помогнале успешно да ја довршат сезоната, а прв на нивната листа се наоѓа токму Ристовски, за кого овој трансфер би претставувал враќање назад во „црвено-црното семејство“, објави „Екипа“.

Борко Ристовски успешно ги брани боите на Бенфика, клуб со кој има договор до јуни 2021 година. „Вардарци“ веќе испратиле и официјална понуда до македонскиот голман, па сега се вршат напори да се најде заеднички јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.