Македонските репрезентативци Борко Ристовски и Марко Мишевски се двете засилувања што ќе потпишат договори со Вардар, во обид да помогнат „црвено-црните“ да се стабилизираат од големата криза и успешно да ја финишираат сезоната на домашната сцена, објави „Екипа“.

Ристовски се враќа назад во Вардар од редовите на Бенфика.

Заедно со него назад во Вардар ќе се врати и Марко Мишевски. Овој млад ракометар, кој настапува како лев бек, а се промовира и како одличен дефанзивец, до пред неполна година беше член на „вардарци“, но си замине бидејќи клубот не сметаше сериозно на него. Тој го мина изминатиот период во францускиот нисколигаш Гренобл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.