Со пет гола предност македонската машка ракометна репрезентација води против Јапонија (18-13) во првиот меч на Светското првенство (СП) кое е во тек во Германија и Данска.
Избраниците на Раул Гонзалез уште во премиерното полувреме ја потврдија фаворитската улога против „самураите“, играа полетно, брзо и атрактивно.
До 12. минута Борко имаше одличен скор од шест успешни одбрани од десет удари, а во нападот Лазаров повторно беше присебен од седум метри за 8-5. За највисока предност се изборивме во 16. минута, кога нововлезениот Пешевски погоди за +4 (9-5), а Гоце Георгиевски со гол од својата половина донесе комотни +5 (10-5).
По одличниот период, следуваше мала криза, која ја искористија Јапонците за намалување на 12-9, но Талески со втора бомба во низа од девет метри ја одведе Македонија на +4 (13-9). Капитенот со нов ефектен гол ја зголеми нашата позитива на +6 (16-9), за потоа да следат брзи голови на двете страни и на полувреме се замина со 18-13. По првите 30 минути најдобар наш поединец беше Борко Ристовски, кој собра дури 12 одбрани. Во нападот се истакнаа Лазаров со седум гола и Манасков и Стоилов, кои постигнаа по три погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.