Вардар ќе има многу проблеми оваа сезона. Она што се насетуваше уште на пријателските мечеви како и на турнирот во Струга стана реалност. Се уште европскиот шампион има тим но нема игра, а уште помалку предводник од типот на Раул Гонзалес. Тоа се виде и вечерва во полуфиналето од Сеха лигата кога Вардар играше бледо, апатично.Се разбудија на крајот кога имаа серија од плус 5. Херој е Бојко Ристовски кој одбрани два седмерци во пенал серијата. Најважно е што Вардар се извлече и в недела ќе игра против Веспрем.
Најголем виновник се чини дека е тренерот Стевче Алушовски кој нема капацитет за тим како Вардар. Сопственикот на клубот Михајловски ќе треба со време да реагира додека не доше натпреварите од Лигата на шампионите.
Понекогаш е најважно да се пресече на почеток и на тој начин промените ќе бидат помалку болни и ќе имаа поголем ефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.