Поранешен близок соработник на Сергеј Самсоненко, заедно со сопственик на фирма, се обидуваат да му земат речиси два милиони евра на првиот човек на ФК и РК Вардар, пишува „Спортмедиа“, додавајќи дека, како што тврдат Русинот и неговиот адвокат, Александар Новаковски, тие се погрижиле фирмата да отиде во стечај заедно со имотот на атрактивна локација.
Според информации на порталот, договорот за изградба на објектот на скопскиот плоштад го добил на најтранспарентен начин од државата и притоа ги платил сите дотогаш доспеани долгови. Поради инвестициите кои ги направил во спортот, дошло до извесно доцнење во плаќањето на фирмите кои биле ангажирани за изградба на објектот. Проблемот со сите доверители, освен со еден бил решен со меѓусебен договор за подоцнежна исплата.
Имаме сомнеж дека се работи за организирана шема, со спрега со фирми, посредници и дел од надлежните, позната во светот како организирано преземање на објект со намалување на цената, негово фиктивно обезвреднување и нанесување на штета, рекол адвокатот Новаковски.
На Самсоненко не му било кажано дека неколку дена претходно, на 18 ноември, е солемнизиран Договор за деловно техничка соработка, за што никој немал овластување.
По неколку дена сопственикот е известен од банката дека се блокирани сметките на „БАЛКАН ГРУП КОНСТРАКШН“ и „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ од страна на фирмата која даде предлог за отворање стечај, појаснува Новаковски, кој вели дека договорот за деловно –техничка соработка всушност бил фалсификуван, зашто од претходно постоеле договори за градба и за гаранција.
Според Новаковски, ова се причините што и двата скопски клуба се соочуваат со финансиски проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.