Македонската ракометна репрезентација го игра клучниот меч за пласман во следната фаза на Европското првенство против домаќинот Австрија.
На Македонија и е потребна победа од барем два гола разлика против Австрија за да се пласира во следната фаза и да пренесе два бода.
Сепак, уште од претходно беше јасно дека ќе биде тешко против Австрија, а тоа се гледа и по првото полувреме во кое ко-домаќинот на ова Европско првенство има огромна предност од 18:12 на паузата пред вториот дел.
Австријците добро отворија и брзо дојдоа до предност од 4:1, но нашите ракометари влегоа во серија и израмнија на 4:4. Сепак, Австрија со две брзи контри зголеми на 6:4. Домашниот голман се разбрани, а одбраната го затвори Лазаров, но за среќа ние го имавме Митревски во тие моменти, а и одбраната беше на нивото. Но, започна да се зголемува бројот на технички грешки во нашите редови, а нашата репрезентација не успеа да ги искористи двете исклучувања кај домаќините, па Австрија дојде и до плус четири гола.
По ова, нашата игра целосно се распадна, а домаќините имаа и доста среќа во своите обиди и погодуваа речиси од сите позиции, па во 25. минута дојдоа и до 16:10, а набрзо потоа и до највисоки 18:11, за на полувреме да се замине со 18:12.
Ејхбергер добра девет интервенции во првото полуврме, а најголем дел од нив беа во клучните моменти од средбата, а Вебер и Билик постигнаа по четири погодоци. Во нашите редови најмногу се истакнаа Стоилов и Георгиевски со по три гола.
/sportclub.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.