Андријана Будимир ќе биде првата жена-тренер во машкиот репрезентативен ракомет, иако станува збор за младинска селекција. Данило Брестовац, како селектор на репрезентациите во сите возрасти ги објави списоците за селекциите од 2000 и 2002 генерација, а Будимир ќе биде координатор на помладата.

Во својата ракометна школа таа веќе работеше со децата од оваа генерација, добро ги познава, така што ќе стане првата жена која води македонска машка репрезентација. Тоа ќе го прави заедно со Дарко Петровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.