Ракометниот стратег Стевче Алушовски со Вардар ја прослави и првенствената титула. Како тренер на „црвено-црните“, Алушовски успеа да ја освои својата прва шампионска титула со најтрофејниот македонски тим.
Ова ми е прва титула како тренер и навистина ми е драго и чест што работев со оваа група момци. Горд сум на сите нив, ова е нивна титула. Од февруари до денеска одигравме 33 натпревари, беше напорно, со мал ростер и играчи кои требаше да ги извојуваат главните битки. Презадоволен сум, пресреќен и прегорд на момците, на сите што работат во клубот. За жал оваа сезона ја игравме без публика, можеби спектаклот ќе беше поголем, но што е тука е. На Вардар му посакувам уште многу двојни круни, изјави Алушовски, кој по завршувањето на официјалната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.