Вардар на домашен терен го победи Мотор Запорожје со 32:27, а по натпреварот стратегот Стевче Алушовски не го криеше задоволство.

Прво честитки до моите играчи за победата, во текот на целиот натпревар бевме подобар тим од Мотор. Како што кажав и пред натпреварот, не чека борба на четири фронта и мораме да ја кренеме формата. Имавме проблеми со ростерот поради кратката ротација, но тоа го компезираме со „седум на шест“. Покажавме карактер, Вардар никогаш не смее да се отпише, изјави Алушовски.

Вардар сега ќе се фокусира на домашното првенство каде што ќе игра против Охирд, а во СЕХА го чека уште е еден натпревар кој ќе го игра на гости со Војводина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.