По одложените натпревари против ПСЖ и Фленсбург, Пик Сегед е следниот противник на Вардар, мечот се игра во недела од 18 часот во салата „Јане Сандански“.
На натпреварот со Сегед нѐ очекува една тешка борба за двата бода. Можам да кажам дека Сегед, без разлика на резултатите кои ги постигна во првата полусезона, е еден многу квалитетен тим, којшто претендира да игра Ф4. Меѓутоа ние добро ги анализиравме, ете имаме уште два дена да се подготвиме за сѐ она што не очекува, како во играта во одбрана, така и во напад. Се надевам позитивно ќе одговориме на сите задачи, односно играчите ќе го исполнат она што ќе го договориме пред натпреварот. Оптимист сум, сакам да се претставиме во едно добро светло, да видиме до каде сме, да не ни се повторат оние почетнички грешки против Порто, кои нѐ чинеа два бода“, вели Алушовски.
Веќе на 18. февруари Вардар му гостува на Пик Сегед во Унгарија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.