Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски во подкастот на „Балкан-хендбол“ зборуваше за плановите на клубот за следната сезона и за играчите кои би ги сакал во тимот.

Алушовски напомена дека сака Вардар да го задржи костурот на играчи од оваа сезона, а негова голема желба е на голот да го види Никола Митревски. Репрезентативецот заврши со Еурофарм Пелистер, но и покрај тоа што се шпекулира дека ќе замине во Порто, тренерот на Вардар инсистира на негов ангажман.

Реков дека овие играчи кои се дел од Вардар треба да останат тука, како Дибиров, Стоилов, Калараш, Дисингер, ние имаме договор и со Санталов, кој доаѓа да ја засили бековската линија, тука се и другите како Борко, Мишевски. Јас би сакал да го доведам Никола Митревски, кој мислам дека сè уште ја нема завршено работата со Порто. Тоа е некоја моја желба. Исто така сакам Толедо да остане, да се направи една комбинаација од македонски и странски играчи. Би сакал да се врати и Георгиевски, но сега зборуваме општо, бидејќи не знаеме колкав ќе биде буџетот, јас имам желби, но ќе видиме. Приоритет е да го задржиме тимот, ова заедништво што постои помеѓу играчите, тоа е најважно, изјави Алушовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.