Од утре стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион, Вардар. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите, против Порто од Португалија, продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019.

Продажбата на сезонските билети и годинава ќе се реализираат во две фази, и тоа од 7 до 21 август следи приоритетната продажба на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Вардар во сезоната 2019/2020 влегува како актуелен европски првак, шампион на СЕХА Газпром лигата и домашното првенство на Македонија. Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар.

Сезонава Вардар ќе игра во Б групата од ЕХФ Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје.

Во СЕХА ГАЗПРОМ лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје.

Сезонскиот билет за сезоната 2019/2020 овозможува влез на:
– Сите натпревари од групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите
– Сите домашни натпревари од СЕХА Газпром Лигата
– Сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето во Македонија

Цената на сезонските билети за сезоната 2019/2020 изнесува:
– 2.200 денари за трибините
– 2.550 денари за А блоковите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.