Вардар повторно е голем, ракометот се врати во „Јане Сандански“. Вечерва видовме дека овој нов тим на Вардар под водство на „Вујо мајсторе“ е кадарен за големи нешто, можеби за нов Фајн Фор. Мешков Брест беше буквално растурен.
Вардарци доминираа во текот на целиот меч и не му дадоа на противникот да дише. Играта беше течна, а новото засилување Њокас беше фантастичен со 8 од 8. Свој ден имаше и кубанскиот голман Цуни кој правеше чуда а постигна и еден гол.
Вардар следната недела го очекуваат два важни дуели. Со Еурофарм Пелистер во домашното првенство и со големиот фаворит Алборг во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.