Германецот Александар Зверев се пласираше во финалето на УС Опен, каде ќе се бори за титулата во Њујорк со Доминик Тим.

И ништо не би било чудно доколку талентираниот германски тенисер не даде шокантна и арогантна изјава по победата над Шпанецот Пабло Карењо Буста – 3: 6, 2: 6, 6: 3, 6: 4, 6: 3.

Зверев беше на работ на бездната, губејќи со 2-0 во сетови, но ги освои следните три и забележа голема победа, покажувајќи шампионски менталитет.

Сепак, она што следеше сигурно го збуни целиот тениски свет.

Ќе биде неверојатно тешко во недела, без оглед против кого ќе играм. Се радувам на тој дуел. Да, јас сум во финалето на Гренд слем. Двајцата најдобри тенисери во светот ќе бидат на терен и ќе играат, самоуверено изјави Саша Зверев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.