Најдобриот германски тенисер Александар Зверев се најде во центарот на скандал, бидејќи неговата поранешна девојка Олга Ширипова го обвини дека физички ја малтретирал додека биле во врска.
Ширипова за руските медиуми откри дека Зверев еднаш се обидел да ја задави со перница.
Тој се обиде да ме задави со перница, ми ја удри главата во ѕидот, ми ги свитка рацете и во тој момент бев исплашена за мојот живот, рече меѓу другото Олга.
По обвинувањата од поранешната девојка, славниот тенисер излезе со соопштение во кое остро ги демантираше нејзините сведочења.
Обвинувањата од мојата поранешна девојка Олга Ширипова, кои ги читам во медиумите, се неосновани. Тоа ме прави многу тажен. Се знаеме уште како деца и минавме многу нешта заедно. Многу ми е жал што таа дава вакви изјави. Нејзините обвинувања едноставно не се „бевме во врска, но тоа заврши одамна“. Не знам зошто Олга упатува вакви обвинувања. Се надевам дека ќе најдеме начин да разговараме на одговорен и соодветен начин, рече Зверев.
Сепак, екс-девојката на славниот тенисер даде експресна изјава и му порача дека ќе даде се од себе да ја изнесе вистината на виделина.
Мојата приказна штотуку започна. Не знам дали сам ја пишуваш или оној што го води твојот Инстаграм. Досега немаа храброст да ми одговорат директно. Затоа што не лажам, а и двајцата го знаеме тоа. Не се плашам да ја кажам вистината, нели? Сакам да им покажам на сите мажи кои дозволуваат лошо да се однесуваат кон жените дека не сме некој вид украс, ние не сме +1, не сме кукли што може да се третираат на било каков начин. И ако мислевте дека после се што поминав во таа врска ќе молчам, тогаш си погрешил. Не можеше лично да одговориш на моите прашања. Морав да го сторам ова, напиша Олга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.