Францускиот тенисер Беноа Пер, објави порака на социјалните мрежи во која раскажува за сериозните проблеми што му ги предизвикува пандемијата на Ковид-19.

Здраво, се викам Беноа Пер и по 250-ти пат сум позитивен на Ковид. Да бидам искрен, повеќе не можам да го поднесам се ова што се случува со Ковидот. Ме прашувате како сум? Како последица на Ковид ми тече носот, но поради сите овие карантини минати затворен во хотелски соби на другиот крај од свет не сум во добра ментална состојба. Минатата година беше тешка, а новата почнува идентично – пишува Пер.

Во својата порака, францускиот тенисер испраќа и критики за тоа како АТП постапува со мерките во врска со пандемијата.

Сакам да кажам само една работа, 100% сум за вакцинирањето, но потоа да живеме како пред Ковидот, во спротивно која е поентата? Ја прашувам АТП, како ги брани тенисерите како мене – пишува Пер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.