Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Дејан Георгиевски, сребрениот олимпиец и на својот фејсбук профил напиша:
Ми беше задоволство лично да ги пренесам честитките до сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо.
Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат.
Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.