Огромна паника владее во Задар откако беше обелоденето дека Григор Димитров е позитивен на Ковид-19. Бугарскиот тенисер веќе ја напушти Хрватска, но веднаш по информацијата се појавија фотографии од неговото движење низ Задар во деновите додека беше на хрватско тло, кои внесоа дополнителна нервоза меѓу жителите на овој град.

Димитров се дружел со половина град. Тој играл кошарка со членовите на кошаркарскиот клуб Задар, се гледал со видни личности од хрватскиот јавен живот, но и се фотографирал со педесетина деца во центарот на Задар“, пишуваат хрватските медиуми.

Бугаринот најмногу се дружел со Новак Ѓоковиќ, кој пак беше главна фигура на „Адрија Турс“ и имал средби со уште повеќе лица во изминатите денови.

Властите бараат сите оние кои биле во близина на Димитров да се пријават за да им биде одредена самоизолација, но голема е веројатноста дека штетата е веќе направена, бидејќи сите овие лица неколку дена биле во слободно движење и комуникација со многумина, несвесни дека биле во близина на заразен од Ковид-19.

извор: Екипа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.