Раководството на Формула 1 в четврток ќе го разгледува предлогот за промени во системот на квалификации и воведување спринт трки со цел да се внесе дополнителна возбуда во натпреварувањето и да се привлечат поголем број гледачи.

Предлогот предвидува петочни квалификацииа ден подоцна кратки спринт трки во должина од 100 километри без ограничувања во однос на гумите и горивото.

Слични иницијативи за воведување спринт трки во минатото не добија поддршка, но ситуацијата е сменета, пренесуваат светските медиуми, наведувајќи дека екипата на „Мерцедес“, која претходно ги блокираше ваквите предлози, сега е расположена да даде „зелено светло“.

Доколу планот биде усвоен, спринт трки во претстојната сезона би се возеле во Канада, Италија и Бразил, а од следната сезона новиот систем би бил воведен во целиот календар на Формула



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.