Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио.

Џакова беше најдобра во денешните борби во категоријата до 57 килограми. Во финалето, Џакова ја совлада Французинката Сара Леони.

Претходно, злато за Косово, исто така во џудо, обезбеди Дристија Красничи.

Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.