Најдобриот светски тенисер по убедливиот триумф над Рафа Надал во финалето на Австралија опен од 6-3, 6-2 и 6-3 пред соблекувалната бил дочекан со овации и аплаузи.
Меѓу оние кои го бодреле Ѓоковиќ бил и легендарниот фудбалер на Интер Дејан Станковиќ .
Популарниот деки по големата победа во Мелбурн добил скапоцен подарок од својот пријател Новак Ѓоковиќ, рекет со потпис на најдобриот тенисер на светот.
Фантастична игра и голема победа на најголемиот шампион. Новак уште еднаш ги подигна границите на светскиот тенис, и искрено му честитам на тоа. Беше уживање да се глед, изјавил Станковиќ по финалето и средбата со Ноле.
Станковиќ го доби рекетот со кој Ѓоковиќ стигна до рекордната седма титула на Отвореното првенство во Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.