Тенисерот од Босна и Херцеговина е тешко повреден. Дамир Џумхур доживеал тешка повреда во натпреварот во парови на Ролан Гарос кој играл во пар со Филип Крајиновиќ.
Српскиот и босанскиот тенисер се „држеле“ прекрасно во дуелот против Рама и Салисбури и воделе 5:4 во првиот сет со предност на брејк, но потоа се случила повредата на Џумхур заради која биле принудени да го предадат натпреварот.
Џумхур во текот на еден поен на натпреварот во непријатна ситуација пожртвувачки се фрлил за да ја стигне топката, но силно удрил со рамото во земја што предизвикало пукање на два лигаменти на рамениците и контузија на коските.
После падот само легнал на земјата и почнал да лелека од болки, а веднаш потоа за да му даде помош кон него притрчал неговиот партнер Филип Крајиновиќ.
Сакам на кратко да ве известам за предавањето на натпреварот во парови. После падот на теренот два лигамни пукнаа заедно со контузија на коските на рамениците. Уште е прерано да се каже колкава ќе биде паузата, но таа може да трае и до шест недели. Ќе ве известувам. Ви благодарам на поддршката, напишал Џумхур на својот Инстаграм профил со поставената снимка од моментот кога се случила таа повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.