Теодор Волканоски од ППК Крушево и Ана Стојановска од ППК Крива Паланка се новите државни прваци во пинг понг во конкуренција на јуниори.
На државното првенство кое се одржа во Крива Паланка со учество на повеќе од 30 натпреварувачи во конкуренција на јуниори, по пауза од две години Волканоски и Стојановска супериорно ги освоија титулите. На патот до титулата државните прваци изгубија само по два сета во своите натпревари.
Волканоски во финалето беше поуспешен од Борис Секулов од ППК Астраион од Струмица. Ана Стојановска во финалето славеше победа над Катарина Лаура Михаилов, која за прв пат настапи на едно натпреварување во Македонија. Михаилов, која е македонски државјанин живее во соседна Србија.
Пласман јуниори
1. Теодор Волканоски ППК Крушево
2. Борис Секулов ППК Астраион
3. Даниел Зхоу Главевски ППК Мултитекс, Нико Доага ППК Крушево
Пласман Јуниорки
1. Ана Стојановска ППК Крива Паланка
2. Катарина Лаура Михаилов
3. Сара С Стојановска ППК Крива Паланка, Софија Хасану ППК Крушево
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.