Џон Алтобели, бејзбол тренерот на колеџот Оринџ Коуст, неговата ќерка Алиса и сопругата Кери загинале во хеликоптерот на Коби Брајант кој се урна вчера близу Лос Анџелес, пренесе и „ЛА Тајмс“.
Џана Марија Брајант и Алиса Алтобели биле соиграчки во Мамба акедемијата и патувале од Оранџ Каунти во Таусанд Оукс.
Тоа беше нешто што Џон често го правеше, одеа со хеликоптер на натпревар и ги гледаа своите ќерки, изјави помошник тренерот на Оринџ Коуст колеџот Рон Ла Руф за американските медиуми.
Во несреќата загинала и тренерката по кошарка на девојчињата Кристина Мејсер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.