Барајте си нови клубови – оваа вест им била соопштена на ракометарите од РК Вардар. Според неофицијални извори ваквата вест на ракометарите им била соопштена во текот на вчерашниот ден. Денеска истата вест ја добиле и играчите на ФК Вардар. Откако Вардар одигра 0:0 со Црвена Звезда, се сретнале со првиот човек на клубот Сергеј Самсоненко кој им порачал дека се слободни да си бараат нови клубови.

„Сите сте слободни да си барате нови клубови, додека има време“, биле зборовите со кои Самсонеко им се обратил фудбалерите.

Конечно Македонија доби квалитeтни клубови во кошарка и ракомет. Фудбалски Вардар беше во криза, меѓутоа после одличната полусезона во која Вардар е лидер се очекуваа подобри денови за клубот. Ќе потсетиме Вардар во првенството има осум бода предност на лидерската позиција пред Шкендија. Ракометарите пак, двапати и донесоа огромна радост на Македонија освојувајќи ја Лигата на шампиони – 2017 и 2019 година. Самсоненко инвестираше во клубовите, донесе квалитетни тренери, добри играчи, одлични услови за работа, инвестираше во спортисти од земјата. Минатата година пристигна лошата вест – Самсоненко повеќе нема да инвестира во Вардар. И покрај лошите вести, неисплатените плати, ракометарите играа од срце. И донесоа нова радост на Македонија – нова титула. Нешто што никој не го очекуваше со оглед на тоа што клубот беше во криза. Но ракометарите на Самсоненко стигнаа до трофејот…

По промената на власта во земјата, со доаѓањето на СДСМ на власт, почна рушењето на Вардар. Самсоненко беше гигант, создаде клуб кој не се прави преку ноќ… Но го снајде животот на Зоран Заев. Дозволија нешто градено со години да го срушат за кратко време.

Вардар ја прослави Македонија, Македонија не го зачува Вардар. Македонската Влада не го зачува, но македонскиот народ ќе го чува во спомените и срцата. Го затвори клубот поради политички игри кои беа ставени пред интересот на државата. Удрија по Сергеј Самсоненко, удрија по Вардар, удрија по македонскиот спор и успехот на земјата. Не бадијала Македонија е оценета како земја во која владее хибриден режим.

И не само тоа. Актуелната власт во заминување приреди катастрофална прослава на европска титула! Без концепт, без режија, без идеја, прилепено, шлапнато колку да се мине на редот. Град Скопје минатата година покажа како не треба и не смее да се организира пречек на европски миленици национални победници. Успехот на македонскиот клуб не успеаја да го разбуди чувството на национална припадност, на национална среќа, единство и заедништво во срцата на организаторите од Град Скопје.

Организаторот имаше една цел – да ја расипе журката, да ја уништи забавата и да ја спласне еуфоријата. Зашто толпата зрачеше со несакан наплив на патриотизам, зашто од плоштадот ечеше „Едно име имаме“, „Никогаш Северна, само Македонија“, „Излези, момче“… а тоа мораше некако да се стивне.

Едно име имаме

Gepostet von Republika Nedelnik am Mittwoch, 29. Januar 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.