Макс Верстапен приреди извонредно шоу на трката за Големата награда на Формула 1 на Бразил стигајќи до 17. победа сезонава.
Второто место го освои Норис од Мекларен и „лудо“ трето место за Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
Човекот кој уште пред еден месец ја обезбеди титулата можеби и овој пат на сите им покажа моќ, супериорно решавајќи ја и оваа трката, но шоуто овој пат ќе остане запаметено по дуелот меѓу Алонсо и Серхио Перез од Ред Бул на крајот. Буквално стотинки ги делеа на крајот, а и според „фото-финишот“ Алонсо за помалку од една секунда беше побрз на крај за третото место, а Перез мораше да се задоволи со четвртата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.