Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на Формула 1 трката за Големата награда на Австрија со што ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 бодови.

Верстапен стартуваше од пол-позицијата и беше на чело од почетокот до крајот на трката, притоа освојувајќи и дополнителен бод за најбрзо извозен круг.

За Верстапен ова е трета последователна победа, вкупно петта сезонава, а 15. во кариерата.

Второто место го освои возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а трет низ целта мина Ландо Норис од Мекларен.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес) го освои четвртото место.

Следната трка во Формула 1 е на програмата на 18 јули за Големата награда на Велика Британија, на патеката во Силверстон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.