Холанѓанецот Макс Верстапен во болидот на Ред Бул победи на првите „спринт квалификации“ и со тоа ја обезбеди пол-позицијата пред Формула 1 трката за Големата награда (ГН) на Велика Британија во Силверстоун.

Во премиерното издание на спринт квалификациите, кои се возеа нешто повеќе од 100 километри и 17 кругови, Верстапен триумфираше со време од 25 минути, 38.426 секунди.

Второто место го освои актуелниот светски првак, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) со 1.430 секунди заостанување, додека трет беше неговиот клупски колега Финецот Валтери Ботас со 7.5 секунди заостанување.

Освен пол-позицијата за утрешната трка, која се очекува да привлече 140.000 гледачи крај патеката во Силверстон, холандскиот возач Верстапен освои и три бодови, Хамилтон два, а Ботас еден бод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.