Сè уште сум во Србија, па се селам во Германија, Русија, Америка и Англија. Ќе се вратам кога ќе дојде редот за мечот за титулата, вели боксерот Вељко Ражнатовиќ.
Вељко Ражнатовиќ (25), најпознатиот српски боксер, нема да ја слави Новата година туку ќе ги прегледува снимките од натпреварите на следниот ривал, со кои силите ќе ги одмери на 2 јануари на Златибор
Србинот е спремен како пушка. Целиот циклус на подготовки го одработи, особено со Алан Чехоев, кој во Тител дојде од познатиот руски табор „Ариана бокс“ за да ја подобри техниката на Ражнатовиќ.
– Се чувствувам моќно пред секој натпревар, но сега сум свесен дека сум поподготвен од било кога. Во исто време сакам натпревари, удари, нокаути! Верувам дека ќе има публика на Златибор, дека салата ќе биде полна, бидејќи тоа ќе биде можност сите да ме видат последен пат пред мечот за некоја од светските или европските титули-порача Ражнатовиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.