Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од настапот во АТП Купот во Сиднеј кој ќе стартува на 1. јануари 2022 година.

На официјалниот список за настап за Србија на овој турнир го нема Ѓоковиќ. Замената на Новак е Матеј Сабанов. Со ова светскиот рекет дополнитело фрли сомненија дека нема да игра и на Австралија Опен. Иако вчера од српските медиуми се појави вест дека Новак добил посебна дозвола за да настапи на турнирот.

Ѓоковиќ не сака јавно да објави дали е вакциниран или не. Сепак и да не е во Сиднеј на АТП купот ќе можеше да игра затоа што во државата Нов Јужен Велс мерките се полабави за разлика од Викторија и градот Мелбурн каде што се одржува Австралија Опен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.